Сити му покажа на Арсенал кој е шампион во Англија, па го исфрли од ФА Купот (Видео)

Манчестер сити се пласираше во петото коло од ФА Купот, откако во дербито против Арсенал победи минимално со 1:0. Натан Аке е херојот за Граѓаните, постигнувајќи гол во 64 минута, кој на крајот се покажа како доволен за радост на домаќините и елиминација на Топчиите од најстарото клупско натпреварување во светот.

Интересно е дека за Сити речиси 120 години чекаше да го елиминира Арсенал во ова натпреварување. тоа последен пат се имаше случено во 1904 година.

Топчиите кои се лидери на табелата во Премиер лигата, сега им останува целосно да се фокусираат на првенството, затоа што освен оваа елиминација во ФА Купот, тие веќе не се дел ниту од Лига Купот, па ако сакаат нивните навивачи да се радуваат на трофеј, ќе мора да ја задржат актуелната позиција на табелата во домашниот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести