Поранешниот менаџер на Челзи, Енцо Мареска, веќе потпишал тригодишен договор со Манчестер сити, обелодени познатиот инсајдер Фабрицио Романо.
Италијанскиот тренер ќе биде вклучен во трансфер-стратегијата на клубот.
Мареска го тренираше Челзи од 2024 до 2026 година. Под негово водство, Сините ја освоија Конференциската лига во 2024/25 и Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година.
Мареска од 2022 до 2023 година му беше помошник на Хосеп Гвардиола во Сити и го познава клубот во којшто работеше и во 2020/2021, кога со развојниот тим ја освои Премиер лигата 2.

