Сити против Арсенал сруши рекорд стар 55 години

Манчестер сити со 4:1 го победи Арсенал во Лондон и се пласираше во полуфиналето на Лига купот во кој Граѓаните се повеќе од доминантни. Во последните три сезони, Сити е освојувач на овој Куп, а статистиката покажува дека последен пат Сините од Манчестер биле елиминирани во Лига купот во октомври 2016 година од градскиот ривал Манчестер јунајтед. Од тој пораз досега поминаа четири години и два месеци во кои Сити постојано излегува како победник во Лига купот.

Против Арсенал во Лондон на Сити веќе и му стана пракса да победува. За Граѓаните ова беше четврта победа во низа на теренот на лондонскиот тим, со што постави еден рекорд. Сити стана првиот тим кој успеал да ги победи Топчиите четири пати во низа на гости во последните 55 години.

Челзи во периодот од 1960 до 1965 година имал низа од шест победи по ред кај Арсенал, а сега Сити со четири трумфи по ред е со најдобар биланс од 1965 година до денес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести