Сити се подготвува за нова петолетка со најдобриот играч во Премиер лигата

Кевин де Бројне ќе остане во Манчестер сити барем уште една петолетка, а англиските медиуми објавија дека за него веќе е подоготвен нов петгодишен договор со повеќекратниот англиски шампион.

Белгиецот е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за 2020 година, а во Сити е долг период, од 2015 година кога за трансфер вреден 76 милиони евра дојде од германски Волфсбург.

Со Манчестер сити освои две шампионски круни, во 2018 и 2019 година, а ако го продолжи договорот со сегашниот клуб, ќе разочара многу гиганти кои се заинтересирани да го ангажираат.

Моментно Де Бројне има неделна плата од 300 илјади фунти и е меѓу најплатените фудбалери во Ангија, а со новиот петгодишен договор ќе има уште поголеми примања.

 

- Оглас -

Најнови вести