Сити се врати на врвот на Премиер лигата после 77 дена, први голови на Халанд од ноември наваму (Видео)

Ерлинг Халанд е јунакот во победата на Манчестер сити против Евертон со 2-0, затоа што беше стрелец на двата гола во 71-ва и 85-та минута, со кои Граѓаните освоија три бода и се искачија на чело на премиерлигашката табела.

Сити чекаше 77 дена за повторно да се врати на чело на табелата (има еден бод плус од Ливерпул, а три од Арсенал, тимови со кои има и ист број одиграни мечеви), а речиси исто толку и Халанд чекаше на својот прв гол за клубот.

Денешните голови на Халанд се први во календарската 2024 година, тој претходно немаше постигнато гол уште од 28-ми ноември минатата година против Лајпциг во ЛШ, а во Премиер лигата имаше пост од четири меча без гол. Сега Халанд има 50 гола на 50 настапи во англиското првенство.

Денеска блесна кога најмногу му требаше на својот тим кој долго време се мачеше против бункерот на Карамелите.

Ова е голот за 1-0, после кој на домашните им беше многу полесно:

- Оглас -

Најнови вести