Сити со победа си заминува од турнејата во Азија (Видео)

Манчестер сити победи со 3:1 против Јокохама во последниот контролен меч на англискиот првак на турнејата низ далечниот Исток. Граѓаните не беа толку ефикасни како на претходниот меч кога победија со 6:1 во Хонг Конг, но триумфално си заминаа од Јапонија.

Vо првото полувреме беа постигнати три гола, a конечниот резултат беше поставен во судиското надополнување. Кевин де Брујн погоди за фаворитот во 18 минута, а само пет минути подоцна радост за домашните фанови донесе Ендо. Да нема изненадување се погрижи Рахим Стерлинг кој успешно реализираше еден контра напад во 40 минута. Во 90+2 минута, Лукас Нмеча го постави конечниот резултат од 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести