Манчестер сити не дозволи изненадување и со сиугурни 3:0 славеше против Астон вила во меч од 10 коло на Премиер лигата. Граѓаните се мачеа во првото полувреме и не успеаа да се израдуваат, но само што започна вториот дел, погоди Рахим Стерлинг.
Да нема дилеми до крајот на мечот се погрижија Кевин де Брујне и Илкај Гундоган, па на 20 минути до крајот веќе беше 3:-0 за домаќините. За Сити ова е 10 победа во низа на свој терен против Астон вила, а гол разликата е 33 дадени и само четири примени гола.
Со овој триумф, Сити стигна до 22 бодови и има три помалку од лидерот Ливерул кој утре на „Енфилд роуд“ игра дерби против Тотенхем.