Сити утре, или идната сабота може да почне со шампионската прослава (видео)

Манчестер сити рутински славеше на гостувањето кај Кристал палас со 2-0, па уште утре ќе може да почне со шампионската прослава доколку Ливерпул го добие дербито против Манчестер јунајтед на „Олд трафорд“.

Граѓаните во последните четири кола влегуваат со 13 бода предност во однос на градскиот ривал, а во случај Јунајтед утре издвои победа против сè уште актуелниот англиски првак, ќе го одложи крунисувањето на Сити за идната сабота, кога на „Етихад“ Гвардиола ќе го пречека Челзи.

Победата на „Селхарст парк“ ја обезбедија Агуеро и Торес со головите во 57-та и 59-тата минута од мечот, за вкупно 25-ти триумф на Сити по 34 кола, со кој стигнаа до 80 бода. Палас е сигурен што се однесува до опстанокот во елитата, па затоа третиот последователен пораз и не беше толку болен.

- Оглас -

Најнови вести