Сити „за секој случај“ даде и четврти гол против Тотенхем

Манчестер сити со пресврт дојде до победа над Тотенхем од 4-2, и сега е на пет бода минус од лидерот Арсенал, а Топчиите имаат и еден меч помалку.

На „Етихад“ се одигра меч со две различни полувремиња. Првото го добија гостите со 2-0 и два брзински голови, но не издржаа, па во 51-ва минута Сити ја почна голеадата. Кога шампионот се разигра, на Тотенхем му немаше спас.

Хулијан Алварез, Халанд и двапати Марез, ги урнаа надежите на Тотенхем дека може да приреди сензација, а се разочараа и фановите на Арсенал кои чекаа кикс на Граѓаните и мораа вечерва да навиваат за својот најомразен ривал.

- Оглас -

Најнови вести