Ситна е повредата на Бејл, ќе биде фит за средбата против Алавес

Герет Бејл не е сериозно повреден и ќе се врати во составот на „кралевите“ за мечот против Алавес следниот викенд. Велшанецот одигра само 45 минути против Атлетико Мадрид, мораше да биде заменет поради болки во препоните. Иако првично од Реал беа загрижени за потенцијалното отсуство на Бејл, сепак, станува збор за мала повреда од која брзо ќе закрепне.

Тој не отпатува денес со остатокот од тимот за гостувањето во Москва против ЦСКА, Лопетеги му даде неколку дена одмор со цел да биде подготвен за следниот натпревар во Ла Лига, односно за гостувањето против Алавес во рамките од осмото коло во шпанскиот шампионат.

 

- Оглас -

Најнови вести