Скандал во Ајндховен, Тадиќ нападнат од хулигани и удрен со паричка по глава (Видео)

Душан Тадиќ денеска е најомразена личност во Ајндховен, и тоа поради случувањата во финишот на холандското дерби помеѓу ПСВ и Ајакс, а по натпреварот, Србинот беше нападнат од хулигани пред да влезе во тимскиот автобус.

ПСВ водеше против Ајакс со 1-0 со 92-рата минута, а тогаш судијата досуди пенал за Копјаниците и тука почнаа нервозата и провокациите. Тадиќ беше навредуван и провоциран од противничкиот играч Дамфрис, но даде гол од пенал за 1-1 и предност на Ајакс од 6 бода, па славеше трчајќи кон Дамфрис на кого со сочни пцовки му врати за навредите.

Ова ги зовре страстите, но не дојде до тепачка и мечот набрзо заврши. Но, имаше и „трето полувреме“ пред стадионот. Кога излегуваше од соблекувална, Тадиќ придружуван од обезбедување беше навредуван од фанови на ПСВ, некои од нив фрлаа парички кон Србинот, а една од металните парички го погоди во глава.

https://twitter.com/i/status/1366073253220012036

- Оглас -

Најнови вести