Скандал во Бразил, полицијата тепаше фудбалери и ги прскаше со солзавец (Видео)

На натпреварот од бразилската Серија Ц помеѓу Манаус и Трезе се случи инцидент, во кој подебелиот крај го извлекоа фудбалерите на гостинскиот тим Трезе, кои беа удирани од полицијата и прскани со пепер-спреј.

Во 93-тата минута беше исклучен играч на Трезе, во 98-мата минута Манаус изедначи на 1-1, а потоа уште еден играч доби црвен картон. Полицијата влета на терен за да ги одбрани судиите од играчите на Трезе и употреби прекумерна сила.

Играчите на Трезе покажаа снимки на кои се гледаат повредите од судирот со полицијата:

https://twitter.com/i/status/1305660039462629376

- Оглас -

Најнови вести