Односите во редовите на Милан се далеку од идеални, а тензиите кулминирале со жестока расправија меѓу сега веќе поранешниот тренер Масимилијано Алегри и Златан Ибрахимовиќ.
Како што открива новинарката на „Кориере дела сера“, Моника Коломбо, двајцата се судриле во ресторан, а инцидентот за малку ќе прераснел во физичка пресметка.
Според информациите, конфликтот се случил пред директорите Џорџо Фурлани и Игли Таре, а токму Таре морал физички да интервенира за да ги раздели Алегри и Ибрахимовиќ.
„Расправијата меѓу Алегри и Ибрахимовиќ, која има длабоки корени, ескалирала во ресторан. Фурлани и Таре биле присутни, а Таре морал физички да ги раздели тренерот и Швеѓанецот“, пренесува Коломбо.
Clamoroso! Lite Allegri-Ibra in un ristorante. Tare li ha dovuti separare fisicamente https://t.co/xU5S2mpkNC
— MilanNews.it (@MilanNewsit) May 26, 2026
Новинарката уште пред две недели предупредуваше на поделена и тензична атмосфера во клубот. Додека резултатите биле добри, проблемите се туркале „под тепих“, но падот во формата и неуспесите ги извадиле старите конфликти на површина и го поделиле клубот на различни струи.
За сериозноста на кризата најдобро говори фактот што Ибрахимовиќ, според тврдењата на Коломбо, веќе три месеци не стапнал во соблекувалните на „Сан Сиро“ и во тренинг-центарот „Миланело“. Двајцата со месеци не комуницираат, што создало целосно неодржлива ситуација.
Иако наводната причина за последната расправија било несогласување околу изборот на трет голман за следната сезона, вистинските причини се многу подлабоки. Алегри дознал за контакти зад негов грб со Антонио Касано, додека Ибрахимовиќ наводно им давал тактички совети на играчи како Јусуф Фофана и Рафаел Леао, кои директно се коселе со упатствата на Алегри на тренинзите.
Ваквата атмосфера директно се одразила и на теренот. Откако Милан поголем дел од сезоната водеше рамноправна битка за титулата со градскиот ривал Интер, следуваше катастрофален пад во последната третина од сезоната.
Росонерите на крајот доживеаја дебакл и останаа дури и без пласман во Лигата на шампионите, па во сезоната ќе настапуваат во Лигата на Европа.
Цената на крајот со откази ја платија тренерот Алегри и уште тројца директори.

