Скандал во најава: Бил наместен меч од последното коло во Шпанија?

Шпанската полиција вршејќи истрага за можен наместен натпревар помеѓу Хетафе и Вилјареал од последното коло на шпанската Примера од минатата сезона во телефонот на ветеранот Хорхе Молина, кој игра за мадридскиот тим, ќе бара пораки кои може да бидат искористени како докази дека средбата била договорена.

На Хетафе за место во Лигата на шампионите му требаше победа против Жолтата подморница, но и Валенсија да не победи на гости против Валјадолид.

Според транскриптите во телефонската конверзација на еден ден пред мечот, некогашниот фудбалер Карлос Аранда побарал од извесен Пако Естобан да разговара со Молина и да дознае дали „работата е завршена“, а ова се однесува на мечот Хетафе – Вилјареал. За добро завршената работа, Аранда нудел пари за „убаво поминат летен одмор“. По наводниот разговор со Молина, Естебан му пишал на Аранда дека Вилјареал сигурно ќе загуби од Хетафе и дека седум играчи на Вилјареал ќе добијат 2 милиони евра.

Аранда најавил дека на Естебан и Молина ќе им даде по 10.000 евра. Естебан предупредил дека не треба да се даваат парите бидејќи може победата на Хетафе да не заврши работа, и тоа се случи.

Средбата која Хетафе требаше да ја добие заврши 2-2. Вилјареал изедначи во 87-мата минута, но откако веќе се знаеше дека Валенсија води со 2-0 против Валјадолид и дека џабе му е победата на мадридскиот тим. Валенсија го освои четвртото место и отиде во ЛШ, а за Хетафе остана утехата Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести