Скандал во Португалија: Играч на Порто го напушти теренот поради расистички навреди (видео)

Голгетерот на Порто Муса Марега, своеволно го напушти теренот поради расистички навреди од страна на навивачите на Гимараиш. Скандалозните сцени се случија за време на дуелот меѓу Гимараиш и Порто, во кој гостинските фудбалери забележаа триумф од 2-1 токму со одлучувачкиот гол на Марега.

Репрезентативецот на Мали уште во 60-тата минута ги постави конечните 2-1, а по неколку минути одлучи сам да излезе неможејќи да ги трпи навредите. Фудбалерот на Порто набрзо по средбата се огласи преку својот „Твитер“ профил:

„Би сакал едно нешто да им порачам на идиотите кои доаѓаат на стадиони само за да шират расизам, еб*те се… И би сакал да се заблагодарам на судијата што ми додели само жолт картон бидејќи се бранев…“

- Оглас -

Најнови вести