Скандал во Премиер лигата, полицијата влезе во просториите на клуб и уапси двајца фудбалери

Двајца фудбалери кои се членови на тим кој настапува во Премиер лигата, се приведени откако девојка ги пријавила за силување.

Идентитетот на фудбалерите, како и името на клубот, не се познати за англиската јавност, а весникот „Дејли мејл“ објави дека двајцата фудбалери имаат по 19 години.
Полицијата ги привела фудбалерите во просториите на клубот.

Според обвинението еден фудбалер е обвинет за силување, а другиот дека му помогнал на соиграчот да ја силува девојката.

Двајцата фудбалери откако платиле кауција биле пуштени на слобода до започнување на судскиот процес.

- Оглас -

Најнови вести