Скандал во Шпанија: Полицијата влезе во Фудбалскиот сојуз, има и уапсени!

Голем скандал ја тресе Шпанија откако денес полиција и истражители влегле во просториите на Фудбалскиот сојуз, каде што се испитува можна корупција и перење пари. Според информациите од Мадрид, освен во Фудбалскиот сојуз, се претресуваат и домовите на вработените, но и на поранешни информации. Досега се уапсени седум лица, а под истрага се уште други пет.

Неофицијално се проверуваат договори за кои постои сомнеж дека преку нив се перат пари, а еден таков е овој помеѓу Фудбалскиот сојуз и компанијата „Космос“, според кој шпанскиот Супер куп се игра во Саудиска Арабија, а Шпанците за тоа инкасираат по 40 милиони евра годишно. Компанија „Космос“ е во сопственост на поранешниот фудбалер на Барселона, Жарарт Пике.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести