Скандалозна одлука – Вимблдон им забрани настап на руските и белоруските тенисери

Тенисерите од Русија и Белорусија нема да имаат право да настапуваат на овогодишното издание на Вимблдон.

Организаторот на најпрестижниот гренслем донесе ваква одлука по агресијата на Русија кон Украина, а иако првично се споменуваше дека ќе се бара од играчите јавно да признаат дека не го поддржуваат Владимир Путин, сепак тоа не се случи.

Ова секако е голем удар за Данил Медведев, којшто и онака беше под знак прашалник бидејќи се лекува од операција на хернијата, а тука, секако, е и Андреј Рубљев кој што очекуваше добар настап.

Викторија Азаренка пак е најдобрата белоруска тенисерка којашто нема да може да настапи на овогодишното издание на гренслемот во „Њу Ингланд“ клубот.

Почетокот на овогодишното издание на Вимблдон е на 27 јуни, додека последниот натпреварувачки ден ќе биде на 10 јули.

- Оглас -

Најнови вести