Скапото засилување на Вест хем три месеци „во аут“

Вест хем за Најеф Агуерд плати 35 милиони евра летово за да го откупи неговиот договор од Рен, но кариерата на скапото засилување на Чеканите не почна според планот.

Во вториот негов настап за премиерлигашот во подготовките, Агуерд се здоби со тешка повреда на глуждот и прогнозите се дека ќе паузира најмалку три месеци. Повредата го доведува до прашање настапот на Агуерд за Мароко на претстојното Светско првенство во Катар, кое треба да започне во ноември.

Се здоби со оштетување на лигаментите по само 24 минути игра во контролката против Ренџерс пред четири дена, па Мојс не ќе може да смета на Агуерд за првиот дел од сезоната во Премиер лигата, која стартува на 5 август.

- Оглас -

Најнови вести