Вардар го имаше својот ракометар плус на трибините во салата „Јане Сандански“ и со помош на фантастичните навивачи стигна до многу важна победа против ППД Загреб од 20:19 во Лигата на шампионите.
Во финишот двојниот европски првак го искористи познатиот вулкан од трибините и на крилјата на своите симпатизери со серија од 4:0 стигна до пресврт и предност од 20:17.
Две контри и извонредниот погодок на Филип Талески беа клучни за победата на Вардар, што му нуди шанса за настап во доигрувањето за титулата во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/ehfcl/status/1496577231476436992?s=20&t=8Rcf7D6gdj9kvO9idd3M0w
Талески и Оливие Њокас постигнаа по четири гола, Куњи Моралес и Валчак дадоа по три, а Георгиевски беше стрелец на два гола.
Вардар сега е на петтото место во А групата со 9 бода на две кола до крајот на фазата по групи.
Првите шест екипи ќе играат во плејоф-фазата во Лигата на шампионите.