Скриена порака: Дали Златан побара нов договор? (видео)

Златан Ибрахимовиќ вчера ги постигна 500-тиот и 501-виот клупски погодок во кариерата, со кои му помогна на Милан да оствари убедлива победа над Кротоне со 4-0.

Со тие погодоци Ибрахимовиќ му дише во врат на Кристијано Роналдо на листата на стрелци во Калчото, Швеѓанецот има 14, додека асот на Јувентус два повеќе.

Италијанските медиуми во меѓувреме забележаа интересна гестикулација на Златан кон управата на Милан. При вториот гол, Ибрахимовиќ се сврте кон клупските оперативци Паоло Мадлини и Рики Маскара, по што ја крена рака и со двата прста покажа „два“, а потоа следуваше уште една гестикулација, како „плус еден“.

Ова беше протолкувано како Ибра да сака да каже дека е подготвен да потпише нов договор со Росонерите и да остане на „Сан Сиро“ уште најмалку две до три години. Иако на 3 октомври Златан ќе наполни 40 години и ќе влезе во петтата деценија од животот, константно покажува дека години не се важни и е физички подготвен уште долго време да игра на врвно ниво.

- Оглас -

Најнови вести