Скромен пазар на европскиот првак – Анчелоти објави: Доста ни се Рудигер и Чуамени

Карло Анчелоти објави дека Реал Мадрид го заврши летниот трансфер период и дека нема повеќе да купува играчи, па на Кралскиот клуб доволно му е што го продолжи договорите со Винисиус јуниор и со Родриго и што ги ангажираше Антонио Рудигер од Челзи и Аурелиен Чуамени од Монако.

„Нема да купуваме нови играчи. Завршивме со потписи ова лето и мислам дека имаме одлична композиција во составот“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид се обиде да направи спектакуларен трансфер и да го купи Килијан Мбапе, но фрнацускиот ас во последне миг се пишмани и го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.

Сепак и вака со двете засилувања и со продолжените договори на младите ѕвезди Винисиус јуниор и Родриго, Анчелоти е задоволен.

„Рудигер и Чуамени се најдоброто што можевме да си го дозволиме во овој преоден рок. Имаме одличен состав и се радувам на почетокот на новата сезона“, рече популарниот Дон Карло.

Од Реал си заминаа Јовиќ, Бејл, Иско и Марсело.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести