Скромни минути за Нестор во шоуто на Роналдо, Јуве пак на врвот во Серија А (видео)

Јувентус ја презеде лидерската позиција од Интер во Калчолигата по убедливиот триумф против Удинезе од 3-1. Избраниците на Маурисио Сари без потешкотии ја запишаа 12-тата победа во шампионатот, додека македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ги одигра последните неколку минути на „Алијанц“ стадионот во Торино, по влегувањето во игра во 87-та минута.

Кристијано Роналдо како двоен стрелец доминираше во средбата, за осмиот, односно деветтиот погодок во Серија А Португалецот на двапати ја тресеше мрежата на гостите во првиот дел. Бонучи пред паузата ги постави убедливите 3-0, додека Пусето дури во судиското надополнување го реализира почесниот гол за Зебрите.

Јувентус до дуелот Фиорентина – Интер ќе стои на првата позиција на табелата со 39 бода, еден повеќе од миланскиот гигант.

https://twitter.com/CompsMsg/status/1206222456240902146

https://twitter.com/CompsMsg/status/1206223563767910400

Во останатите два меча од 16-тото коло, Болоња со конечни 2-1 ја надигра Аталанта, Милан и Сасуоло ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести