Скромно од човекот со најскап трансфер на сите времиња – Нејмар донира дрес во битката со Коронавирусот

Бразилецот Нејмар конечно се разбуди во битката со Коронавирусот и со скромен гест одлучи да помогне. Човекот што го држи рекордот со најскап трансфер на сите времиња во вредност од 220 милиони евра кога од Барселона се пресели во ПСЖ, даде дрес со свој потпис на аукција како помош во битката со епидемијата.

Почетната цена е 320 долари, а наддавањето ќе трае во следните 9 дена. Пари Сен Жермен е еден од најбогатите клубови на светот, а беше критикуван за скромните донации и од сопственикот и од фудбалерите сè до моментот кога Килијан Мбапе донираше еден милион евра како помош за најзасегнатите од Коронавирусот.

Навивачите на ПСЖ формираа фонд во кој досега се собрани околу 100 илјади евра, а потоа играчите помогнаа уште со 200 илјади евра со продажба на дресови по истиот принцип што сега го практикува и Нејмар.

Сопственикот на ПСЖ, шеикот Насер Ал-Келаифи, донираше 100 илјади евра во битиката со Коронавирусот што исто така наиде на критика, а замерката беше дека сумата е премногу мала за човек што има богатство што се мери во милијарди евра.

- Оглас -

Најнови вести