Славење во Ливерпул, најдоа купувач за голманот Кариус

Берлинска Херта е заинтересирана за германскиот голман Лорис Кариус, кој е познат во светот како чувар на мрежа кој прави големи киксеви, а особено се прослави во финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, кога направи две кардинални грешки, по кои сите му се смееја.

По тој меч, Ливерпул се откажа од услугите на Кариус и почна да го позајмува некогашниот соиграч на Николче Новески, со кого беа заедно во Мајнц. Кариус е позајмен од Ливерпул во Бешикташ, но и таму прави грешки, па истанбулскиот тим нема намера да го откупи.

Сепак, се најде „јунак“ кој сака да го купи Кариус. Станува збор за Херта, која за 26-годишниот Кариус нуди 4 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести