27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Славната тенисерка ги изненади фановите откако одлучи да гради кариера во друг спорт

Пранешната светска тенисерка број 2, Агњешка Радванска, ги изненади фановите откако одлучи да гради кариера во нов спорт. Полската тенисерка многу рано, на 28-годишна возраст одлучи да се збогува со тенисот и да се посвети на мајчинството.

Радванска во својата кариера освои 20 ВТА турнири и заработи 27 милиони долари, но сега повторно е активна на спортските терени, и тоа во спортот падел. Тоа е спорт кој е сличен на тенисот, а најпопуларен е во Шпанија.

Поранешната тенисерка од Полска во моментов настапува на професионален турнир во Шпанија, а како што вели, тренира само двапати неделно.

- Оглас -

Најнови вести