Славниот англиски поранешен фубалер, а сега тренер, Вејн Руни, има нов клуб на чие чело ќе застане. Се работи за членот на Чемпионшип дивизијата, Плимут, клуб оваа сезона ја заврши на 21-вото место од 24 екипи и со победата над Хал од 1-0 во последното коло се спаси од испаѓање во понизок ранг. Руни и Плимут ќе потпишат тригодишен договор.
Поранешниот напаѓач до сега немаше некој поголем успех како тренер, а ги предводеше Дерби каунти, Ди Си јунајтед и Бирмингем. Како фудбалер настапуваше за Евертон, Манчестер јунајтед, Ди Си јунајтед и Дерби каунти, а најголем траг остави во дресот на „црвените ѓаволи“, каде одигра 559 натпревари на кои постигна 253 гола.