Следува ново одложување на првенството поради враќањето на корона-вирусот

Кина беше земјата од каде што започна пандемијата со опасниот корона-вирус. Поради тоа, во Кина беше одложен стартот на фудбалското првенство, кое требаше да започне на 22 февруари. По стивнувањето на корона-вирусот во најнаселената земја во светот, беше најавен старт на фудбалските возбудувања. Сепак, од Кинеската фудбалска федерација најавија дека не е на повидок започнување на првенството.

Првично беше одлучено првенството да започне кон крајот на јуни, но сега стартот е одложен најрано за средината на следниот месец. Во изминативе неколку дена, во Кина повторно се зголеми бројот на заразени од корона-вирусот и веќе е започнат „вториот бран“ на опасниот вирус.

За разлика од Кина, во Европа фудбалот се врати во најголем дел од земјите и се очекува да финишира во предвидениот нов термин.

- Оглас -

Најнови вести