Следната сезона ќе гледаме македонско дерби во Втората шпанска лига

Рајо Валјекано со Столе Димитриевски на голот триумфираше со 2-1 на гостувањето кај Расинг Сантандер, меѓутоа испушти да се избори за место во разигрувањата за пласман во Ла Лига.

Столе ќе остане во Втората лига на Шпанија, па следната сезона може да гледаме македонско дерби во Сегунда доколку Александар Трајковски се задржи во Мајорка, која претрпе елиминација од елитата.

На Рајо му беше потребна среќа во останатите дуели, но Елче запиша победа од 2-1 против Реал Овиедо и засега стои на последното шесто место преку кое се обезбедува пласман во плејофот.

Воедно Рајо требаше да ја чека разврската од Депортиво Ла Коруња – Фуенлабрада, кој требаше да се одигра вечерва, но се одложи поради повеќе позитивни случаи на ковид-19 во тимот на Фуенлабрада.

- Оглас -

Најнови вести