Следната сезона ќе нема фудбал на „Камп ноу“ – Барса од оправдани причини привремено ќе се „пресели“

Екипата на Барселона во следната сезона домашните натпревари нема да ги игра на „Камп ноу“ поради тоа што стадионот ќе доживее голема реконструкција.

Каталонскиот великан доби дозвола да игра на Олимпискиот стадион во Барселона, којшто има капацитет од малку повеќе од 60 илјади навивачи.

Домот на Барса ќе биде недостапен за играње во наредата сезона, додека по неа ќе се игра со 50 отсто од капацитетот. Овој стадион дури од сезоната 2025/26 ќе го видиме во полн капацитет.

„Ако ја почневме порано реконструкцијата, тоа значеше дека ќе можеме да играме со 50 отсто од капацитетот на ‘Камп ноу’, но ние како клуб сметаме дека нема да изгледа добро. Затоа се одлучивме да играме на олимпискиот стадион којшто има капацитет од 60 илјади навивачи“, изјави Жоан Лапорта, претседател на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести