Следната сезона во Формула 1 ќе има рекорден број трки

На средбата на првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали, и претставниците на екипите е одлучено следната сезона во Формула 1 шампионатот наместо 23, да има дури 25 трки.

Идната година повторно на календарот треба да биде трката за Големата награда на Кина, но нема да се вози на една од омилените патеки на сите Ф1 возачи, трката за ГН на Белгија на „Спа-Франкошамп“.

Двете нови трки би требало да се возат во Виетнам и Јужна Африка. Градската трка во Ханој, Виетнам, требаше да дебитира во Ф1 календарот во 2020 година, но поради пандемијата и локалниот промотор, кој заврши зад решетки поради корупција, е одложена за подобри времиња. Првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали, изминатиот период имал средба со премиерот на Виетнам со цел повторно да заживее идејата за трка низ улиците на Ханој.

Втората нова трка во 2024 година треба да биде во Јужна Африка, и тоа на патеката „Кјалами“.

https://twitter.com/RedBullUpdates/status/1645139713286602753?s=20

- Оглас -

Најнови вести