Европската фудбалска унија, УЕФА, одлучила групната фаза во Лигата на шампионите за следната сезона да почне на 20 октомври. Тоа е вторник, а два дена подоцна, на 22-ри октомври во четврток, би почнале и Лига Европа.
ЛШ и ЛЕ обично почнуваат во втората половина на септември (сезонава на 17 септември), па ова ќе биде доцнење од повеќе од еден месец од вообичаеното. Квалификациите ќе треба да се играат од крајот на јули натаму, што значи дека август ќе биде исполнет со активности. Како што е веќе познато, предлогот е финалето во ЛШ за сезоната 2019/2020 да се игра на 29 август во Истанбул, а финалето во Лига Европа на 26 август во Гдањск.