УЕФА има зацртан план, финалето од ЛШ ќе биде последен меч, а се знае и датумот

Европската фудбалска федерација следната недела ќе има видеосостанок со челниците на сите 55 земји членки, на кој повторно ќе се разговара за тоа како и кога треба да заврши сезоната.

Според планот на УЕФА, сезоната треба да заврши со финалето од Лигата на шампионите, кое најдоцна би се одигрално на 29 август. Два дена претходно треба да се игра и финалето во Лигата на Европа.

Постојат две сценарија за тоа како да се финализира сезоната во европските натпреварувања. Првото е во четвртфиналињата и полуфиналињата да се играат по два меча и тоа би било задржување на натпреварувањето како досега, додека втората варијанта е да се игра по еден меч, и тоа по завршување на дуелите во домашните првенства. Во еден таков случај, преостанатите дуели од Лигата на шампионите може да се одиграат максимум за една недела.

- Оглас -

Најнови вести