Следниот противник на Калин Ивановски е најталентираниот британски тенисер

Македонецот Калин Ивановски се пласира во третото коло на јуниорскиот гренслем-турнир Вимблдон, а таму за противник ќе го има Британецот Џек Пинингтон Џонс, кој е седми носител на турнирот и важи за најдобар млад тенисер на британскиот остров.

Од мај годинава, Џек е член на академијата на Енди Мареј, а некогашниот победник на Вимблдон работи со сите таленти кои имаат договор со менаџерската агенција во која е Пинингтон.

Пинингтон Џонс е роден во 2003 година и една година е постар од нашиот новопечен Дејвис куп репрезентативец Ивановски. Британецот е на 1.195-тото место на АТП-листата во сингл и ќе биде фаворит на хартија, но македонскиот тенисер во првото коло го победи десеттиот носител. Пинингтон Џонс во второто коло загуби еден сет, што покажува дека и не е толку доминантен како што би сакале Британците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести