Селекторот Милевски е оптимист: „Целта е првото место во групата“

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците за новото издание на Лигата на нациите на УЕФА, а таму ќе играме против старите познаници Ерменија, Летонија и Фарските Острови.

Селекторот Благоја Милевски е оптимист и најавува атак на првата позиција.

– „Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овојпат не е така. Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0.
Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања. Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата“, вели селекторот Милевски. 
Натпреварите од Лигата на нациите започнуваат на петти септември.

 

- Оглас -

Најнови вести