8.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Слот: Никој не ни помислуваше дека може да загубиме со 1:4

Англискиот првак Ливерпул се соочува но неверојатна резултатска криза. Ливерпул во последните два месецa одигра 12 меча, а претрпе дури девет порази. Последниот пораз на англискиот гигант беше синоќа, на својот „Енфилд роуд“, и тоа убедлив од ПСВ Ајнтховен со вкупни 1:4.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, е под голем притисок поради овие очајни резултати, а самиот тој вели дека никој не очекувал толку убедлив пораз од ПСВ.

„Откако губевме со 0:1, останавме позитивни и успеавме да ја анулираме негативата. Потоа имавме и доволно шанси да стигнеме до 2:1, но тоа не се случи. На полувреме никој не ни можеше да помисли дека на крајот може да загубиме со 1:4. Сега ни останува да се соочиме со тоа што го имаме и да се бориме да го пребродиме. Мора многу напорно да работиме и да се бориме. “

- Оглас -

Најнови вести