Словенецот кој минатата година требаше да игра за Вардар, сега ќе игра во ЛШ со Е. Пелистер

Новиот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер, го донесе првото засилување по освојувањето на титулата, тоа е словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. Цехте кој настапува на позицијата десен бек, во Битола доаѓа од редовите на данскиот шампион ГОГ Гудме.

Цехте потпиша едногодишен договор, со можност истиот да се продолжи за уште една сезона. Тој е стандарден член на словенечката репрезентација со која настапи и на Европско и на Светско првенство.

Изминатата сезона, Цехте со ГОГ Гудме играше во четвртфиналето во Лигата на шампионите каде загуби од Барселона.

Интересно е што Цехте минатата сезона се договори да го засили Вардар, но поради суспензијата на Црвено-црните од страна на Европската ракометна федерација, овој трансфер пропадна.

- Оглас -

Најнови вести