Целје го елиминираше Пјуник и ќе игра во групната фаза од Конференциската лига, а таму ќе биде и Олимпија, па Словенија ќе има два претставника во еврокуповите есенва. Можеа да бидат и три, но Марибор беше елиминиран од шведски Ѓургарден.
Ерменски Пјуник е „црна точка“ за македонските клубови и секогаш ги елиминира, а летово ја отстрани Струга Трим Лум, вечерва потклекна во Целје, иако првиот меч го доби со 1-0. Словенечкиот тим триумфираше со 4-1.