Словенките се подобри и патуваат на СП – Македонија убедливо го загуби реваншот во Целје

Словенија беше убедливо подобра во реваншот со македонските ракометарки, победи со 38:27 и ќе игра на Мундијалот во Јапонија.

Првиот меч во Скопје го добија со 33:30, а вечерва во Целје Словенките беа поубедливи и славеа со двоцифрена разлика.

Уште по првото полувреме беше јасно која селекција ќе игра на СП, а домаќинките по 30 минути игра имаа позитива од 6 голови, 20:14.

Многу брзо во продолжението веќе беше и плус 10, 26:16 во 38-мата минута, па до крајот се играше ревијален меч.

Ливриниќ постигна 6 гола, а Ристовска и Саздовска погодија по петпати за нашата селекција.

Кај Словенките, Мавсар беше најефикасна со 7 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести