Словенците дадоа гол на ЕП после пауза од 24 години (Видео)

Ерик Јанжа е новиот словенечки фудбалски јунак, со својот убав гол против Данска, го донесе првото реми на ЕВРО 2024, средбата заврши 1-1, откако Данците поведоа по погодокот на Кристијан Ериксен.

За Словенија ова е прв гол на европските првенства после пауза од 24 години. На ЕП во 2000 година, Златко Заховиќ погоди против Шпанија.

Јанжа кој игра за Горник Забрже, стана само третиот играч од полската лига кој постигнал гол на ЕП. Според изразите на лицата, Словенците се многу позадоволни од бодот отколку Данците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести