Словенците не можеа со Де Варгас и Шпанија, остануваат без четвртфинале на СП

Шпанија ја совлада Словенија со 31-26 благодарение на одличната игра во одбрана во второто полувреме, во кое блесна и голманот Перез Де Варгас.

На полувреме беше нерешено, но потоа Црвената фурија во некои периоди од вториот дел се одлепија и заедно со Франција одат во четвртфинале од оваа група.

Португалија немаше проблем со Зеленортските Острови и ја продолжува битката со Исланд за место во четвртфиналата фаза, во групата во која засега лидер е Шведска.

- Оглас -

Најнови вести