Случајно или не, Подолски постигна вонсериски гол (видео)

Анталијаспор избегна пораз на гостувањето кај Генчлербирлиги со израмнувачкиот гол на Лукас Подолски во 82-рата минута. При прекин на гостите, Озмерт упати долг центар-шут во шестнаесетникот, а таму Подолски одлично се снајде и успеа со пета да ја смести топката во голот за конечни 1-1 иако беше свртен со грбот.

На тој начин поранешниот германски репрезентативец успеа да ги спаси Анталија и нашиот интернационален Адис Јаховиќ од 11-ти пораз сезонава во турското првенство.

https://twitter.com/GolTv17/status/1237087548427636736

- Оглас -

Најнови вести