Службено станаа прваци, но се откажаа од премиите кои требаа да ги добијат

Екипата на Пари Сен Жермен стигна до седмата титула во француското ракометно првенство, но ова е најчудниот начин на кој ја потврдија доминацијата. Светците петти пат во низа се најдобри, а трофејот овојпат го добија на „зелена маса“.

Поради Коронавирусот, француското првенство и дефинитивно е прекинато, а титулата беше доделена на ПСЖ, тимот кој беше лидер со моментот кога се играше шампионатот.

Бидејќи првенството не се доигра, ракометарите на ПСЖ се сложиле дека треба да се откажат од премијата која им била ветена за тоа ако го одбранат тронот, а таа изнесувала 10.000 евра по играч.

- Оглас -

Најнови вести