Службено загубија со 0:3 бидејќи цел тим беше на свадба

Необична ситуација се случи во романскиот фудбал. Екипата на Поиана Маре реши службено да го предаде денешниот меч кој требаше да го одигра, затоа што сите фудбалери решија да одат на свадба на еден нивни соиграч. Екипата на Карцеа без игра победи со 3:0 во меч од четвртата лига во Романија, но тоа не го расипа расположението на играчите на Поиана Маре.

„Ова е важен ден за нашиот соиграч Далиу Јонут и неговата избраничка Диана. Тие потпишаа договор за цел живот. Прават свадба. Поради свадбата, нашиот тим не е во можност да го одигра мечот против Карцеа, затоа што сите играчи се поканети да бидат дел од свадбата. Ние побаравме мечот да се одложи и да се одигра во било кој ден и термин, освен во сабота, но бевме одбиени. Кога тие одбија да го преместат мечот, ние одбивме да играме“, стои во објаснувањето на клубот кој загуби со службени 0:3.

Играчите на Карцеа се појавија на теренот, но откако ги немаше противниците, судијата отсвири крај пред да започне дуелот.

 

- Оглас -

Најнови вести