Бенедикт Матурин беше избран како шести пик на овогодинешниот драфт во НБА, во новата сезона ќе игра за Индијана пејсерс.
Бекот иако има само 20 години, пука од самодоверба и тврди дека е подготвен да доминира, а воедно се осмели да го предизвика Леброн Џејмс.
„Во моментов сметам дека нема подобар кошаркар од мене. За Џејмс сите велат дека е феноменален, но јас уште не сум уверен. Леброн ќе мора да ми докаже дека е подобар од мене“, изјави Матурин.
Треба да се има храброст за вака јавно да се предизвика еден од најдоминантните кошаркари на денешницата, кој во 20-годишната брилијантна кариера урна голем број рекорди и освои четири титули во НБА.