Смешна одлука во Формула 1 – На брилијантната трка и победа на Ферстапен, го прогласија Хамилтон за пилот на денот

Смешна е одлуката што е донесена по завршувањето на Големата награда на Шпанија во Барселона да се прогласи Луис Хамилтон за возач на денот, на трка на која брилијантно реагираше и возеше актуелниот светски првак Макс Ферстапен.

Хамилтон го имаше најбрзиот круг на патеката и возеше одлично освојувајќи го петтото место, но Ферстапен ги засени сите.

Холанѓанецот, кој е и актуелен светски првак покажа неверојатна вештина и ги победи и сите проблеми и ривали на патеката во Барселона.

Најпрво во раната фаза на трката излета од патеката и се најде на песокот, но успеа да се врати и да продолжи.

Потоа му откажа многу важниот ДРС систем за забрзување, но и тоа го прегрме со велемајсторско возење и успеа убедливо да победи со над 13 секунди предност пред Серхио Перес.

Седумкратниот светски првак, Хамилтон, доцнеше на целта за 54 секунди зад актуелниот првак и сепак е прогласен за пилот на денот на Големата награда на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести