Смешна ситуација – Го размени дресот со Фабињо, па си го бараше назад (Видео)

Големиот талент на Астон Вила, Луи Бери одигра одличен меч и со гол го круниса дебито за тимот од Бирмингем, на дуелот од ФА купот со Ливерпул.

Бери има 17 години, а домаќините играат со негови врсници, или малку повозрасни фудбалери во тимот, па очекувано загубија со 1:4.

По мечот Бери, кој го постигна единствениот гол за Вила, го размени дресот со Фабињо од Ливерпул, но потоа дојде до смешна ситуација.

Еден од членовите на Астон Вила го „искара“ Бери со инструкција да си го врати дресот, кој ќе го потсетува на неговото деби во Астон Вила.

Младиот фудбалер на домаќините го најде Фабињо на патот до соблекувалната и си го врати својот дрес назад, во ситуација што е и симпатична и по малку и комична.

 

 

- Оглас -

Најнови вести