Крис Смолинг игра одлично за Рома, па повторно е на мета на неколку клубови и можно е да се врати во Англија. Поранешниот репрезентативец на „Гордиот Албион“ е играч на Манчестер јунајтед на позајмица во Рим, но има шанса повторно да игра во Премиерлигата.
Арсенал е заинтересиран за Смолинг и може да и парира на Рома. Римјаните се уште се двоумат дали да го откупат комплетно стоперот, а Манчестер јунајтед бара 20 милиони евра.
Арсенал е во голема криза, особено во дефанзивниот ред, а Смолинг во ваква форма би бил добредојден кај топчиите. Следното лето треба да пристигне и Салиба, но прашање е дали Манчестер јунајтед сака да го засили големиот ривал од Лондон.