Тренерот на естонскиот тим Номе Каљу, Никита Андреев, иако казнет, реши да ги издрибла законите и ја водеше екипата, но не од клупата бидејќи таму не смееше да седи, туку качен на покривот на стадионот во Талин, каде што Номе ја пречека Левадија.
Андреев имаше добар поглед од високо и ги следеше настаните на теренот. Забраната беше за негово присуство на теренот, а покривот е дел од стадионот, но не и од теренот, па „престојот“ таму му беше легален.