Снаодливиот Мбапе му донесе на Реал преспивање како лидер на Ла Лига

Со голови на Килијан Мбапе кој прво снаодливо искористи една несигурност на одбраната на Вилјареал, а потоа погоди и од пенал кој сам го изнуди, Реал Мадрид славеше со 2-0 против Жолтата подморница и барем до утре ќе биде првопласиран на табелата во шпанската Ла Лига со два бода повеќе од Барселона.

Мбапе има 21 гол на 20 меча сезонава во шпанската лига и води мртва трка со Хари Кејн и Ерлинг Халанд за Златната копачка.

Вечерашниот гол од пенал на Мбапе му беше со „Паненка“ и тој е првиот играч во шпанската лига по Серхио Рамос од 2018/2019 што двапати во иста сезона дал барем два гола од пенал на таков начин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести